Петар Печков
Објавено: сабота, 16 октомври 2010
Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе.
Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.
На евентуалното прашање што оваа вест бара на овој велешки сајт, одговорот е колкумина за Вас знаеја за овој настан, наспроти многу други битки и жртви од поблиската и подалечната историја?
Tweet |